essence и Catrice веруваат дека само тие како брендови, избегнуваат исцрпување на
природните ресурни и учествуваат во одржувањето еколошка рамнотежа што покажува дека
можат да бидат успешни на долг рок.

Во саботата, 12-ти јуни 2021 година, одржана е АКЦИЈА – ЧИСТЕЊЕ НА ОСТРОВОТ СИЛБА во
која заливите Папраница и Лојише беа исчистени од пластика и остатоци што го заградија
брегот на Силба во текот на зимата. Во акцијата присуствуваа и членови на компанијата VM2
cosmetics како дел од социјалниот придонес, што е важен столб на брендовите essence и
Catrice. Целта на брендовите е да имаат позитивно влијание, а најважно е производството на
100% безбедни производи со највисок квалитет како и посветеност на животната средина да ја
заштити и зачува за идните генерации.

Затоа тие се првите што се избрани од страна на купувачите и ги препознаа како производи со
најдобар квалитет по најдобра цена.

На островот Силба нема ниту еден автомобил, што е една од причините зошто островот Силба
е еко остров, како и поради неговата едноставност на животот, прекрасната недопрена
зачувана природа и кристално чистото море. Акцијата беше поддржана од Туристичката
заеница во Силба, Друштвото Силба за заштита на природното и културното наследство,
Морското друштво 20.000 милји, Уметноста на животната средина SEA Silba и иницијативата
SILBA VIBRA, со цел за подигање на свеста за важноста за зачувување на животната средина
како за локалните жители, така и за идните посетители.

Како дел од акцијата, беа собрани неколку десетици вреќи за отпадоци од 120 литри, чија
содржина беше претежно отпад од поплави. Учесниците во акцијата забележаа дека има
безброј микропластика во заливите, мали честички од распаднати пластични предмети што не
можат да се отстранат, но и безброј пластични капачиња и други пластични предмети.

Микропластичните честички се цврсти, неразградливи честички кои се помали од пет
милиметри. Тие се составен дел од многу козметички производи и нега и се пробиваат во
канализациониот систем при испирање, оттаму се влеваат во океаните и преку храната го
наоѓаат својот пат назад во човечкото тело. Затоа, essence и Catrice не користат
микропластични честички во ниту една од состојките на производите. Сето ова со цел да се
осигура дека природните ресурси внимателно и еколошки се користат. Во моментов, околу
две третини од вкупниот отпад од пакувањата од essence и Catrice се рециклираат и се
посветени на намалување на емисиите на СО2. Брендот „essence“ штотуку лансираше нови
сјаеви за усни Extreme Shine, кои се неутрализирани од СО2 и придонесуваат за заштита на
климата.

Производите од еssence и Catrice никогаш не биле тестирани на животни, а тие исто така се
грижат за одржливо одгледување и заштита на локалните екосистеми како што е употребата
на палмино масло и дел од меѓуиндустриската иницијатива Responsible Mica Initiative која ги
обединува сите сектори за да постигнат побрзо и посеопфатно подобрување на системот за
добивање MICA суровина, која е природно сјајна и најважна основа на материјали за
ефективни пигменти во декоративната козметика, и која е ископана во тешки услови.

Следете го поимот за одржлив развој, како развој што ги задоволува денешните потреби, без
да ги загрозите потребите на идните генерации.

Браво essence i Catrice!
Proudly People & Planet friendly!