Скопје, март 2023.
Меѓународниот ден на жената во нашиот град Скопје го прославија ‘make up’ брендовите еssence и CATRICE.
Центарот на Скопје, улица Македонија утрово осамна во магични розови балони кои поединечно имаа врзани ‘make up’ производи на панделки.
Сите случајни минувачи, можеа да си земат балон со ‘make up’ подарок и убава порака.
Прославувањето на жените и нивната поддршка отсекогаш било длабоко вградено во ДНК на брендовите essence и CATRICE. Со своите производи и вредности, тие сакаат да ја остварат главната цел, да секој човек во светот се чувствува поубаво. Сепак, овие два бренда не се посветени само на зајакнување на жените, туку се грижат и за нашата планета. Затоа им дадоа значење на разградливите балони кои не ја загадуваат животната средина.
Во кампањата #magicforwomensday блеснаа и Загреб, Сараево и Белград.
Во сите животни неволји, борби, преплетувања, подеми и падови. 8 март е денот кога жените ќе се тапкаат по рамо и ќе го сфатат патот што го поминале и колку соништа исполниле. Денот кога ќе си простат дури и по неколку грешки и ќе сфатат колку се помудри, поискусни, понежни и похрабри денес…
Баш затоа, ‘make up’ брендовите еssence и CATRICE решија да ги израдуваат жените и сите оние кои слават и им приредија вистински #magicforwomensday.